1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозицијата победи на европските избори во Хрватска

ЕМФ/афп15 април 2013

Конзервативната ХДЗ освои 33 проценти од гласовите на изборите во Хрватска за Европскиот парламент и во Стразбур ќе испрати шестмина пратеници.

https://p.dw.com/p/18FoT
Фотографија: DW/S.Bogdanic

Владејачките социјалдемократи во Хрватска добија опомена од избирачите. Според резултатите од изборите за хрватски пратеници во Европскиот парламент објавени изутринава, опозиционата ХДЗ добила 33 проценти од гласовите и ќе испрати шестмина свои пратеници во Стразбур. За Хрватска во ЕП има 12 пратенички места. По пребројувањето на 98 проценти од гласовите, владејачката СПД освоила 32 проценти гласови, односно пет пратенички места. Останатото едно пратеничко место го доби Работничката партија.

Во анкетите пред изборите што се одржаа вчера (14.04) на СПД и‘ се предвидуваше освојување јасно мнозинство. Под очекувањата не остана само резултатот на социјалдемократите, туку и одзивот на избирачите. Само 20,79 проценти од луѓето со право на глас во Хрватска излегле на избори, иако владата на премиерот Зоран Милановиќ гласањето го означи како „историски избор“ на патот на земјата во ЕУ. Набљудувачите проценуваат дека слабиот интерес за гласање се должи на тешката економска ситуација во Хрватска и кризата во ЕУ. Освен тоа, хрватските европратеници се избираат за период од само една година, поради тоа што наредната година треба да се избере нов состав на Европскиот парламент.