Опозицијата договорила интерпелација на Владата
2 октомври 2012На состанокот на поранешна „Бихаќка“ опозицискиот фронт донел одлука СДСМ денеска попладне (02.10.) до Собранието да ја поднесе иницијативата за гласање недоверба.
Според лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, причините за ваквата одлука лежат во лошото владеење на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, коишто, наместо да ги решаваат економско-политичките проблеми во последниот период, всушност го загрозуваат интегритетот на институциите, мирот и стабилноста на земјата.
Црвенковски рече дека несогласувањата во Владата довеле до подгревање на меѓуетничката нетрпеливост. Според него, економската криза е дополнителен проблем и предизвик за Владата, која „наместо да ја решава економската рецесија на земјата, тежиштето на проблемите го префрла на меѓуетничка основа“.
Според него, сите членови на опозицискиот фронт ја поддржале интерпелацијата на Владата која ќе биде поднесено попладнево, а се очекува расправата по неа да биде закажана на петочната седница на Собранието и да се стигне до гласање до полноќ.
На прашањето за информациите дека премиерот Никола Груевски планира да поднесе оставка, но по писмен пат, Црвенковски вели дека тоа не менува ништо, туку покажува дека премиерот не сака да се расправа за неуспешноста на неговите политики.