Опозицијата бара нови избори
28 јуни 2010На митингот што го организираше Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на кој учествуваа дел од опозиционите партии, македонскиот премиер Никола Груевски беше обвинет за економско опустошување на и така сиромашната држава. Освен тоа, на Груевски му се префрла дека недоволно одлучно ги води преговорите за прием на Македонија во ЕУ и во НАТО.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави: „Нема Македонец што сака да се смени уставното име. Јас сум првиот што не сака тоа да се случи, што тврди дека Грција спроведува една неправедна, недемократска, неевропска политика кон Македонија. Но тој факт не ме ослободува од одговорноста да мислам на иднината на мојот народ, да најдам одговор на прашањето како и што понатаму,“ изјави Црвенковски. СДСМ бара одржување предвремени избори по ноември, затоа што смета дека претходно тие би се одразиле неповолно по државата.
Автор: ЖА/АТ/дв/миа
Редактор: Александра Трајковска