1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опасност од инциденти на северот на Косово

Зулфија Јакупи/ Симе Недевски27 април 2012

Воените аналитичари од Косово оценуваат дека е можно да дојде до меѓуетнички инциденти за време на српските избори на северот на Косово. Затоа тие го поздравуваат зајакнувањето на трупите на КФОР.

https://p.dw.com/p/14ln5
Фотографија: picture-alliance/dpa

Командантот на КФОР Ерхард Древс најави дека до денеска (27.04.2012) на Косово треба да стигнат дополнителни 700 војници на НАТО. Древс не ја наведе причината за нивното доаѓање, но претходно портпаролот на КФОР, Уве Новицки изјави дека командата на КФОР од НАТО побарала засилување поради можните тензии за време на српските избори на Косово. Предвидено е 550 германски и 150 австриски војници практично да бидат на линијата на раздвојување на етничките заедници на северот на Косово.

Аналитичарите оценуваат дека постои шанса да дојде до меѓуетнички инциденти за време на одржувањето на српските избори на северот на Косово. Воениот и безбедносен аналитичар Рамадан Чехаја оценува дека на северот на Косово политичката и безбедносна ситуација се’ повеќе се  влошува од ден во ден. Чахаја за ДВ оценува дека за таквата состојба вината ја сноси Белград:

„Мислам дека вината за целата оваа состојба ја сноси официјален Белград кој всушност во континуитет ја дестабилизира ситуацијата финансирајќи нелегални српски институции во тој дел на Косово. Поради тоа таму имаме напрегната ситуација.“

Можни се инциденти за време на српските избори

Дека може да дојде до меѓуетнички, пред се’ спорадични инциденти, поради одржувањето на српските локални избори на северот на Косово, смета и безбедносниот аналитичар Агим Муслиу:

„ Имајќи предвид дека ситуацијата на северот на Косово веќе 13 години не е дефинирана ни законски ни безбедносно, можеме да сметаме на спорадични етнички инциденти кои евентуални би биле предизвикани во текот на овие недели и тоа од страна на нелегално организирани групи кои ќе се обидат да организираат гласање на српските избори на територијата на Косово“.

KFOR Soldaten in Kosovo
Фотографија: AP

Муслиу за ДВ вели дека и оти не верува дека на северот на Косово има вооружени групи Албанци, како што пренесоа некои медиуми.

„Не верувам затоа што КФОР има многу оргинизирана мрежа за информирање која прва би дознала и би реагирала, без оглед кој и да е во прашање- Албанец или Србин. Тие би го собрале тоа оружје или би ги пронашле тие вооружени луѓе и тие веќе би биле под истрага или пред судија“, вели Муслиу.

Поздравено зајакнувањето на КФОР

Аналитичарот Чехаја го поздравува зајакнувањето на трупите на КФОР бидејќи смета дека одлуката на НАТО забрзано да ги намали своите трупи на Косово била погрешна. Тој истакнува дека КФОР мора да почне и со расчистување на нелегалните српски формации на северот на Косово: „Тие мораат да започнат со расчистување на ситуацијата во врска со нелегалните формации, некој вели паралелемни српски формации таму. Ако не го сторат тоа, јас не гледам излез од оваа ситуација “, вели Чехаја.