„Опасноста од тероризмот зголемена“
24 септември 200616 американски тајни служби извршија анализа за опасноста од тероризмот и дојдоа до заклучок: ирачката војна според нив предизвика создавање нова генерација фундаменталисти. Во заклучокот на заедничка анализа уште и се вели дека по 11 септември 2001 година се зголемила опасноста од тероризмот во светот. Ова денеска го пренесува американскиот весник Њујорк Тајмс. Вашингтон поуст пак смета дека оттогаш до денеска настанале голем број нови терористички цели без директно поврзаност со терористичката мрежа на Осама Бин Ладен, основачот на Ал Каеда за кого вчера во Франција се прочу шпекулацијата дека наводно починал во Пакисатан.
Смрт на Осама Бин Ладен, според оценка на експертите, политички би му користела на американскиот претседател Џорџ Буш но нема да го ослабе исламскиот тероризам. Дека Бин Ладен е мртов во меѓувреме демантираа и САД, Франција, Пакистан и Авганистан.