1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опасна игра - „Руфери“ во Белорусија

10 ноември 2009

Во големите градови се‘ почесто има млади кои одат под земјата. Наспроти тоа, во Источна Европа нов тренд е таканаречениот „руфинг“- седење на покриви, кој честопати е илегален исто како и собирањето под земјата.

https://p.dw.com/p/KOui
Студентот Антон - руфер од МинскФотографија: DW/Jansen

Стариот напуштен паркинг се наоѓа на крајот од центарот, на една улица за излез од Минск. Зградата има десет ката и не е завршена. Тоа беше само карабина на запуштениот локалитет, без смисла и намена, се‘ додека не дојдоа младинците. Нивното собиралиште е изолирано сосема горе, на височина од 30 метри, далеку од погледите на останатите луѓе од овој град, со графити по ѕидовите, многу срчи по подот и со убав поглед на околните куќи.

21-годишниот Антон е еден од младите на покривот, таканаречен „руфер“. Студентите постојано се собираат на покривите во Минск, сами или во групи, пред се‘ навечер. „Младите луѓе овде навистина можат да се опуштат. Ги правиме истите работи како долу на земјата, само овде на покривот. Пиеме пиво, играме игри, еднаш тука се подготвував и за испитите. Но, ова место не е најсоодветното за учење. Во лето е многу жешко, а сенки речиси и нема.“

Илегални собиралишта

Владата на Белорусија низ целата земја отвори најразлични установи за младинци, како на пример Националниот центар за уметничко творење, или таканаречените палати на младинците. Со тоа сакаат да придонесат за креативноста и социјалното прилагодување, но многу од младите едноставно сакаат да ги остварат сопствените идеи во слободното време. Притоа им е сеедно кој покрив ќе го одберат, понекогаш тоа е добро познатиот класичен покрив од некој паркинг, а некогаш покривот од некоја станбена зграда. Едно мултимедијално списание од Минск годинава издаде карта на која се означени неколку од најомилените руфинг-места во градот.

Strasse in Minsk, Weißrussland
Кафулињата на улиците не се интересни за младите во МинскФотографија: DW / Marina Nikitisch

Многу од овие илегални наоѓалишта бргу се затвораат. Но, затоа експресно се шири веста за некој нов “отворен покрив“, исто и преку интернет. Да се прави нешто забрането е посебно чувство за сите младинци, па и за Антон: „Како што се качувам нагоре, ми се зголемува адреналинот. Со еден другар од училиште еднаш се качивме на кран висок 35 метри, чувството беше прекрасно.“

Но, ваквите авантури може да имаат и трагичен крај. Минатата година од карабината на паркингот млада девојка падна низ една отворена шахта и беше мртва на лице место. По настанот градските власти ја заградија градбата со мрежа, но младинците набрзо направија дупки во оградата.

Забранетото е послатко

Возбудата кај младинците од забранетото и посебното е преголема за да може да се спречи. Но, очигледно на некои „нормалното“ ниво на адреналин не им е доволно. Денес на покривот заедно со Антон не се само „руферите“ туку и таканаречените „роуп џампери“. „Првпат ги гледам овие луѓе овде. Изгледа прават нешто илегално.“

Rope Jumper in Minsk
„Роуп џампери“ во МинскФотографија: DW/Jansen

Младите скокаат од покривот на зградата од 30 метри височина, и на половина пад ги задржува безбедносна сајла. Тоа е слично на планинарите кои кога ќе паднат ги задржува безбедносната сајла. 21-годишниот Алексеј, кој ја состави компликуваната конструкција за сајлата, смета дека тоа е спектакуларен спорт кој не е поопасен од возење со автобус, но затоа со сопствена филозофија: „Секој не се осмелува да го победи стравот и да направи чекор напред.“

Дури и кога треба да скокнат од височина. Но, адреналинот на многу од младите на покривот им се качува од нешто сосема друго. Кога доаѓа полицијата тинејџерите хектично и наеднаш тргнуваат накај скалите. Доаѓа полицијата! Младите „роуп џампери“ реагираат без многу возбуда, очигледно е дека за полицајците нивното хоби навистина е мерка за обликување на карактерот. Но никој од младите „руфери“ не сака да знае што ќе се случи ако полицијата фати некој од нив на покривот. Им успеа да побегнат, полицајците се качија по другите скали и сега разговараат со „роуп џамперите“, а „руферите“ се безбедни на улицата.

Ова беше првпат полицијата толку да му се приближи на Антон, малку побледе, но изгледа ужива во зголемениот адреналин. Тоа нема да го спречи наскоро да се качи на некој покрив, додека е се‘ уште топло во Минск. Во ладните зими и “руферите се повторно сосема нормални и повеќе сакаат да одат во кафулиња.“

Автор: Клаус Јанзен / Јасна Мушиќ - Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска