1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН – Судан

6 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BbvI

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази голема загриженост за состојбата во кризната покраина Дарфур. Пред повеќе илјади бегалци во еден камп тој нагласи дека дошол да им донесе порака на надеж и на безбедност. Меѓународната заедница ќе стори се‘ за да им помогне на жртвите на конфликтот во Дарфур. За тоа веќе зборувал со претседателот на Судан Омар ал Башир.

“Со претседателот Башир разговарав за четири главни точки. Прво разговаравме како да го забрзаме распоредувањето на мировните сили на ОН. Освен тоа разговаравме и за спогодбата за примирје.“

Суданскиот претседател Омар ал Башир му вети на Бан Ки Мун дека е подготвен за соработка со Светската организација.