ОН-смртна казна
16 ноември 2007Реклама
ОН со јасно мнозинство донесоа резолуција која повикува на има за целосно укинување на смртната казна во светот. Комисијата за човекови права на светската организација ја усвои резолуцијата со 99 гласови за, 52 против и 33 воздржани. Германија и другите земји од ЕУ ја поддржаа резолуцијата. Според наводите на организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешнал„ смртната казна сеуште постои во 66 земји во светот.