ОН – амбасадор
24 април 2007Реклама
Досегашниот американски амбасадор во Ирак, Залмеј Калилзад, ќе ја преземе должноста на американски амбасадор во ОН. Приоритети на новиот амбасадор ќе бидат конфликтот со Иран, состојбата во Либан и Сирија и планираната реформа на ОН. Калилзад доаѓа на местото на контроверзниот Џон Болтон, кој поради својот конфронтативен начин на работа добиваше многу критики.