1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олимпијада – четврти ден

18 август 2004

На олимписките игри германските спортисти вчера останаа без медали. Продолжува и дебаклот на пливачите. Надежите денеска се насочени кон Јан Улрих во веслосипедската трка на хронометар, а добри шанси имаат кануистите и стрелците.

https://p.dw.com/p/AemU
На крајот без медал - Франциска вон Алмсцик
На крајот без медал - Франциска вон АлмсцикФотографија: dpa

Пливачката Франциска фон Алмсцик од која се очекуваше медал во трката на 200 метри слободно на крајот заврши на петтото место, додека златниот медла го освои Романката Камелија Потеч. По трката Франциска фон Алмсцик изјави:

“Допатував со јасна цел, добро тренирав и мислев дека нешто ќе излезе од сето тоа. Меѓутоа, имав тешкотии и не успеав да ја најдам формата. Мислам дека тоа е се што можам да кажам во моментов“.

И штафетата четири пати по 200 метри слободно остана со празни раце – на крајот шеста. Златото го освоија пливачите на САД. Германските мечувалци и стрелци и натаму се во очекување на првиот медал. А, по 2 спрема 0 против Мексико фудбалерките на Германија во четвртфиналето ќе се сретнат со Нигерија. Хокеарите извлекоа нерешено 1 спрема 1 против Шпанија. Десет од 14 веслачки екипи стигнаа до полуфиналето или финалето. Николас Кифер на тенискиот трунир влезе во осминафиналето, додека Томи Хас по голем борба загуби од Американецот Енди Родик. Елиминиран е и најголемиот фаворит, Швајцарецот Роже Федерер.

Надвор од олимпијадата, вниманието денеска го привлекува фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Австрија и Германија по повод стогодишнината на австрискиот фудбалски сојуз. Тоа ќе биде и премиера на новит сојузен тренер Јирген Клинсман:

“Се радуваме на овој натпревар со Австрија, посебно што заедно ќе ја одбележиме стогодишнината. Нема повредени и ќе се обидеме да развиеме сопствена игра. Го имаме потребните респект кон австриската екипа која во своите редови има многу добри играчи“, изјави Клинсман на вчерашната прес-конференција.