1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оле фон Бојст самиот ги доби изборите во Хамбург

1 март 2004
https://p.dw.com/p/AcPZ
Христијанско-демократската унија влегува со полн сјај во изборната 2004 година. На изборите одржани во Хамбург, градоначалникот и човек на ЦДУ, Оле фон Бојст, на партијата и' донесе дури 21% повеќе гласови во споредба со претходните избори. Партиите на унијата изборите ги завршија со 47,2% гласови на своето конто. Апсолутното мнозинство е резултат, на кој сеуште со неверување гледа и самиот градоначалник, Оле фон Бојст: "Потребно е време за тоа да се преработи. Но, многу сум благодарен и се радувам поради резултатот. " Анализата што ја направи Инфратест-димап, покажува дека 60% од новите избирачи на ЦДУ, гласале за неја само поради Оле фон Бојст, а само 34% поради содржините што им ги нуди ЦДУ. Социјалдемократите касираа значителна загуба. Тие собраа 30,5% од гласовите, или цели 6% помалку во споредба со претходните избори. Томас Миров, врвниот кандидат на СПД за Хамбург, повлекува консеквенца - тој по дебаклот најави дека се повлекува од политиката. "Не ја постигнав целта за што добив мандат од партијата и со тоа за мене политиата во Хамбург завршува." Резултатот во Хамбург е опомена и за СПД во целина. Затоа,пак, коалиционите партнери на сојузни ниво, зелените, се задоволни. Тие забележаа зголемување на бројот на гласови, и овојпат на изборите освоија 12,3 гласови. За врвниот кандидат на зелените, Криста Геч, има тројна причина за радост: "Прво, многу сме среќни поради одличниот резултат. Ние, во двете години опозициона работа, се подобривме и освоивме двоцифрен процент гласови. Тоа е првата радост. Втората радост е паѓањето на господин Шил. Третата радост е тоа што ФДП беше казнета поради нејзината катастрофална школска и предучилишна политика. " Либералите овојпат освоија двапати помалку гласови во споредба со 2001-ва - само 2,8%. Партијата за државноправна офанзива и ПроДМ-Шил партијата, поминаа исто така лошо и не го достигнаа цензусот. Десниот популист, Роналд Шил, кој пред двеиполгодини се искачи со брзина на комета на над 19%, сега исто толку бргу падна на околу 3%. Тој е бесен: "Ако изборниот резултат се потврди, тогаш темата политика за мене е завршена." Шил најавува дека ќе ја напушти земјата и дека ќе се отсели најверојатно во Јужна Америка.