Оланд: Мали набргу треба да ја преземе одговорноста за безбедноста
3 февруари 2013За време на посетатата на пустинската метропола Тимбукту која неодамна беше повторно превземена од рацете на исламистите, францускиот претседател Франсоа Оланд порача дека сега властите на Мали треба да ја преземат одговорноста за преодниот период и пред се’ за безбедноста во градот и во северниот дел на земјата. Подоцна Оланд додаде дека предавањето на одговорноста за безбедноста на Тимбукту многу бргу ќе и биде предадена на малиската војска.
Малискиот претседател Диокунда Траоре пак им се заблагодари на француските војници на ефикасноста и професионалноста. „Тие ни овозможија да се ослободи населението од северно Мали кое живееше под повеќемесечно варварство“, додал Траоре.
И Оланд во текот на посетата на древниот град Тимбукту го осуди варваризмот на вооружените исламистички групаци.
Франција пред три недели се вклучи на страната на централната влада во Мали во конфликтот против исламистите, кои од пролетта завладеаја со северниот дел на земјата и напредуваа кон југот односно кон главниот град Бамако. Од тогаш наваму француските и малиските трупи ги освоија и ја повратија контролата над сите важни провинциски градови. Франција во операцијата во Мали учествува со 3500 војници, а покрај тоа во операциите е вклучена и единица на Заедницата на западно-африкански држави, ЕКОВАС.