1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Окупирајте го Вол стрит“

2 октомври 2011

Во рамките на протестната акција во финансикиот кварт на Њујорк, која трае две недели, демонстрантите го блокираа Бруклинскиот мост. Полицијата уапси околу 700 лица.

https://p.dw.com/p/12kVm
Протестното движење во ЊујоркФотографија: dapd

Полицијата во Њујорк уапси околу 700 активисти на движењето „Окупирајте го Вол стрит“, кои протестираа против алчноста на мултинационалните компании, глобалното затоплување, социјалната нееднаквост и високата стапка на невработеност.

Полицијата реагираше кога неколку илјади демонстранти го блокираа Бруклинскиот мост. „Демонстрантите требаше да останат на делот од мостот за пешаци, но некои од нив се обидоа да го блокираат сообраќајот, по што полицијата почна да апси“, изјави портпаролот на полицијата.

Сообраќајот на Бруклинскиот мост неколку часови беше во прекин.

Демонстрантите сакале да постават и шатори на Вол стрит, но полицијата не им дозволи, по што организираа протестен марш во долниот дел на Менхетн.

Изминатите две недели демонстрантите неколкупати се судрија со полицијата.

Автор: АТ/ ЖА/ миа/ дв

Редактор: Жана Ацеска