1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од утре во Македонија нов тополотен бран

СН/АТ/миа4 август 2012

Топлотен бран од прва, односно жолта фаза утре ќе ја зафати територијата на Македонија, соопшти Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.

https://p.dw.com/p/15jx9
Фотографија: picture-alliance/ZB

Согласно Акцискиот план, стои во соопштението, здравствените институции во државата се подготвени за обезбедување здравствена заштита на евентуалниот зголемен број на пациенти поради влијанието на високите температури.   Министерството информира дека остануваат да важат општите препораки за заштита на здравјето на населението од високите температури: во текот на ваквите екстремно топли денови, да се остане во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Покрај тоа треба да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци, при влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри, а хроничните болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.


Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката (ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени), да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.   
Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страницата "http://www.toplotnibranovi.mk"