1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

271011 EZB Trichet Draghi

1 ноември 2011

Денеска (01.11) на чело на Европската централна банка, на местото на Жан-Клод Трише, официјално застанува Марио Драги, екс- шеф на италијанската емисиона банка. Што постигна Трише, а што може да се очекува од Драги?

https://p.dw.com/p/132VT
Жан Клод Трише и Марио Драги во разговорФотографија: AP

Трише остана максимално можните осум години на чело на Европската централна банка. Во првиот четиригодишен мандат го почувствувал притисокот од владите на големите земји на ЕУ:

„Ние цврсто се боревме за да го задржиме финансискиот надзор во еврозоната, додека трите големи евро-земји сакаа да го слабеат Пактот за стабилност и пораст“.

Но, потоа уследија финансиската, а сега и должничката криза.

„Од август 2007 доживуваме криза од нов вид, глобален феномен каков што немаше по Втората светска војна. За прв пат по 66 години епицентар на глобалната криза е финансискиот систем на развиените држави“.

Кризата го обележа мандатот на Трише до крајот. Притоа по малку се загубија од видно поле неговите заслуги за стабилноста на заедничката валута еврото. Стабилна вредност на парите е важна пред се’ за најсиромашните и најнемоќни граѓани, длабоко е уверен тој.

Europäische Zentralbank EZB Trichet Rücktritt
Жан Клод Трише и Европската Централна Банка беа браникот од кризитеФотографија: dapd

ЕЦБ е најефикасната одбранбена линија

Најголемиот дел од експертите му оддаваат неограничено признание за неговиот најдлабоко проевропски став и за монетарно-политичките постигнувања. Критичарите, во прв ред во Германија, не се согласни со решението на Европската централна банка да купува државни обврзници - прво од Грција, а потоа и од други кризни држави од еврозоната. Банката дозволила да биде инструментализирана, ја загубила независноста, гласат прекорите. Иако делумно согласен со критиките, Михаел Хајзе, главен економист во концернот „Алијанц“, предупредува:

„ Принципиелно не треба да се исклучи ни купувањето обврзници, оти Банката е најефикасната одбранбена линија, што ја имаме за отстранување на кризата. Политички неприфатлива стратегија би била да и’ се препушти кризата на стихијата, оти би ја погодила Германија со енормна сила“.

EU Italien Europäische Zentralbank Mario Draghi soll Präsident werden
Марио Драги ќе продолжи во овие турбулентни времиња ја предводи ЕЦБФотографија: dapd

Време е за „супер Марио“

Марио Драги, наследникот на Трише, е свесен за силата на една независна емисиона банка. Тој мора да докаже дека гo заслужува прекарот „супер Марио“.

„Пријателите велат за мене дека не се воздржувам ни од невозможни задачи“.

Токму затоа што е Италијанец, Драги мора прво да докаже дека е исто толку сериозен кога е во прашање стабилноста на еврото, колку и Трише. Но, веројатно тој не мисли да дозволи купувањето државни обрзници да стане траен инструмент на Европската централна банка.

„И Драги ќе настојува да се намали волуменот на таквите купувања, за да не се изложи на прекори дека како поранешен шеф на италијанската емисиона банка сега уште и ги засилува таквите програми. Тој ќе се обиде да изврши притисок врз сопствената влада, но и врз другите, како и врз европолитичарите од Брисел за забрзување на реформите“, оценува Михаел Хајзе, главен економист во „Алијанц“.

Автор: Бригите Шолтес/ Зоран Јордановски

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема