1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Од Стојаково до Ница и назад со Рено 4

25 август 2018

По поминати 4500 километри со Рено 4 старо 40 години, вечерва во Стојаково се враќаат авантуристите Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев.

https://p.dw.com/p/33kRN
Automobile | Renault 4
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Medina

На двајцата авантуристи ќе им биде приредена забава на местото каде што ја започнаа авантурата - во Кафе бар Икс, Стојаково. Николов и Шуклев докажаа дека не постојат невозможни потфати. Олдтајмерот од 1978 година беше реставриран два месеца, а потоа можеше да вози без проблем и со 100 километри на час. Возилото од Стојаково доби ВИП-третман и привлекуваше повеќе туристи, отколку луксузните автомобили на Азурниот брег. Николов и Шуклев за време на авантурата добија илјадници следбеници на социјалните мрежи, кои го следеа секој нивен минат километар.

Од Стојаково до Ница со Рено 4