1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од основањето до реформата - 60 години ОН

26 јуни 2005

Пред 60 години на 26 јуни 1945 година претставници на 50 држави во Сан Франциско ја потпишаа повелбата на Обединетите Нации. Кои беа најважните станици во историјата на Светската организација?

https://p.dw.com/p/AcES
Советот за безбедност на ОН
Советот за безбедност на ОНФотографија: UN Photos

Организацијата која и предходеше на ОН пропадна: Лигата на народи кој беше формиран по Првата Светска војна имаше голем недостаток: најмоќните држави во светот не сакаа да пристапат. Оваа организација безпомошно гледаше како Германија и Јапонија ја коваат Втората Светска војна. Џеф Лауренти, експерт во ОН

„ Најголемата поука која можеше да се извлече од пропаѓањето на Лигата на народи беше, дека големите сили како САД и Советскиот сојуз не треба да останат на страна со очекување дека светот самиот ќе стане побезбеден. “

Американскиот претседател Франклин Рузвелт ја започна иницијативата уште во текот на војната: Тој знаеше дека за една нова светска организација му требаат силни соборци. Најпрвин се советуваше со британскиот премиер Винстон Черчил, а потоа на преговарачка маса ги повика Кина и Советскиот сојуз. Во септември 1944 година тие ги скицираа основите на организацијата, која нецела година подоцна беше основана во Сан Франциско. Рузвелт го испрати негвиот министер за надворешни работи Едвард Стетиниус

„ Потсетуваме дека Германија можеше да биде победена затоа што обединетите нации ги споија своите сили за заедничка работа. А долготраен мир ќе биде само тогаш можен, кога тие ќе ги спојат своите сили и ќе се залагаат за мир. Светскатат организација, нејзината повелба за која се собравме да ја напишеме, мора да биде основана.“

Рузвелт, Черчил и Сталин по секоја цена сакаа да спречат, Обединетите Нации да излезат од нивна контрола. Затоа го формираа Генералното собрание каде ќе бидат застапени сите членови, но создадоа и силен Совет за безбедност, каде си зедоа постојано место. Ова постојно место уште од самиот почеток беше поврзано со право на вето. Томас Вајс политиколог, на Њу Јорк Сити универзитетот:

„Причната зашто Соединетите држави пристапија во Обединетите Нации, а не сакаа да бидат членки на Лигата на надроди е правото на вето. Тоа е и причината зашто Советскиот сојуз дојде во организацијата.“

Почетоци на ОН ветуваа многу: 1948 година беше усвоена декларацијата за човекови права.

Но од воените сојузници со текот на времето се создадоа етаблирани противници – конфликтот меѓу комунистичкиот и западниот – слободен свет го подели и Советот за безбедност. Најмоќниот гремиум на ОН беше во слепа улица, бидејќи некоја од петте постојани земји членки постојано го користеше правото на вето. Пред се, кога директно беа погодени големите сили САД и СССР ОН беа вкочанети до крајот на 80 тите.

Со падот на Берлинаксиот ѕид и крајот на конфликтот меѓу истокот и западот заврши времето на блокадите во Советот за безбедност. Петте постојани членки се поретко го употребуваа правото на вето. ОН оддеднаж се раздвижија.

Ова особено важи за мировните мисии. 1988 година ја добија Нобеловата награда за мир. Потоа се почест беше повикот по војниците со сини баретки и се испраќаа се повеќе мировни мисии: Само во периодот од 1988 до 1993 година имаше повеќе ангажмани на сините баретки отколку во сите 40 години пред тоа. Во никој случај не станува збор само за успешни акции: Сините баретки неможеа да ја завршат граѓанската војна во Сомалија ниту пак да го попречат убивањето во Руанда, и поради Босна беа критикувани бидејќи дозволија да се случи масакрот во Сребреница пред нивни очи.

Сепак голем број мировни мисии имаа успех - пред се онаму каде помошта се користеше за обнова на држвните институции. Дејвид Хајери за Обединетите Нации набљудувал и анализирал многу мисии:

„Има редица примери, каде луѓето по мисија на ОН – и покрај сите проблеми, повторно живеат во мир: во Камбоџа, во Мозамбик во средна Америка, но и на Балканот.“

Но по 60 годишното постоење, ОН треба да бидат реформирани - тоа е планот на генералниот секретар Кофи Анан. Покрај другото треба да се прошири и Советот за безбедност, каде Германија си посакува постојани место.