1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одземен пратеничкиот имунитет на Бучковски

Горан Петрески 2 август 2007

Мандатно - имунитетната комисија му го одзема пратеничкиот имунитет на Владо Бучковски. Опозицијата бара итна собраниска седница.

https://p.dw.com/p/BP8d
Дали и Собранието ќе расправа за имунитетот на Бучковски?Фотографија: MIA

Мандатно - имунитетната комисија на Собранието на Македонија, му го одзема имунитетот на претеникот Владо Бучковки - вели претседателката на комисијата Светлана Јакимовска. Тој е обвинет дека извршил злоупотреба на службената должност додека бил министер за одбрана.

Опозицијата ја оспорува одлуката на комисијата донесена доцна во ноќта и со 20 пратенички потписи бара да се оддржи итна собрниска седница на која ќе се расправа за случајот.

Владо Бучковски е првообвинет за случајот за кој пред два дена беше успаен поранешниот генерал Методија Станболиски.

Финансиската полиција го товари Бучковски дека во 2001 година како министер за одбрана направил со која државата била оштетена за 3 милиони евра.