1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Одете си дома, нацисти!“

СН/ агенции
13 август 2018

На годишнината од протестите во Шарлотсвил, во Вашингтон имаше собир на екстремни десничари, кои беа во далеку помал број од контрадемонстрантите. И претседателот Трамп упати јасна порака.

https://p.dw.com/p/333y7
USA, Washington: Demonstrationen zum Charlottesville-Jahrestag
Фотографија: picture-alliance/T. Katopodis

Само дваесетина луѓе дојдоа на одобрениот митинг „Обединете ги десничарите 2" пред Белата куќа, јавија американските медиуми и очевидци. Полицијата, која беше присутна во голем број, претходно ги насочи десничарските екстремисти од метрото до плоштадот Лафајет.

Безбедносните сили херметички го затворија местото на собирот. Контрадемонстрантите пред полициските блокади извикуваа „Одете си дома, нацисти“, „Надвор од мојот град" и „Срамота, срамота, срамота“. Тие носеа транспаренти на кои стоеше „Стоп за расистичките напади“ и „Пружај отпор против десничарите". Некои неонацистички противници носеа типична црна облека и маски на лицата.

Протести на годишнината од Шарлотсвил

Повеќе:

-Трите лекции од Шарлотсвил

-Трамп пак ја минимизира омразата

-Трамп потфрли во Шарлотсвил: Американското длабоко тонење

Дојдe и до турканици откако две лица со маици,  со кои се идентификуваа како приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп, навлегоа во толпата контрадемонстранти. Тие беа навредувани од страна на демонстрантите, удирани и прскани со вода. Редарите успеале да ги извлечат мажот и жената од толпата и да ги одведат во полиција.

USA, Washington: Demonstrationen zum Charlottesville-Jahrestag
Фотографија: picture-alliance/Captital Pictures

Пред една година, во Шарлотсвил, Вирџинија, 32-годишнa контра-демонстрантка беше убиена на маргините  на екстремно десничарскиот марш под слоганот „Обединете ги десничарите“ откако неонацист влета со својот автомобил во толпата контрадемонстранти. Инцидентот се најде во насловите во медиумите ширум светот- меѓу другото и поради тоа што претседателот Доналд Трамп потоа го изедначи однесувањето на десничарските екстремисти и контра-демонстрантите: „Мислам дека вината лежи на двете страни“, рече тој тогаш. На двете страни, како што рече, имало и „многу добри луѓе“.

Пред годишнината од смртоносниот инцидент во Шарлотсвил, во саботата, Трамп јасно стави до знаење на Твитер дека ги осудува „сите форми на расизам и насилство".