1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Одгледувањето на кока на рекордно ниво

СН/ агенции
20 септември 2018

Колумбија и натаму е најголемиот производител на кокаин во светот пред Перу и Боливија, пишува во најновиот извештај на ОН. Изненадувачки се стапките на раст во однос на претходната година.

https://p.dw.com/p/35Crf
Kolumbien: Kampf gegen Anbau der Koka-Pflanze
Фотографија: picture-alliance/L. Robayo

Површините за одгледување на кока во јужноамериканската земја достигнале рекордно ниво. Ова го соопшти на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрогата и криминалот (УНОДЦ). Според неа, површините на кои се одгледува кока во Колумбија во 2017 година пораснале за 17 отсто на 2170 квадратни километри односно 171.000 хектари. Ова одговара на потенцијалната берба на кока во лисја, од која може да се добие речиси 1400 тони кокаин. Станува збор за зголемување од 31 насто во споредба со претходната година, стои во извештајот објавен во главниот град на Колумбија, Богота.

Kolumbien: Kampf gegen Anbau der Koka-Pflanze
Фотографија: picture-alliance/M. Jules

Пазарната вредност на ова количество на дрога во Колумбија изнесува 2,7 милијарди долари (2,3 милијарди евра). Главната област за одгледување на кока останува југозападна провинција Нарињо на границата со Еквадор. Нарко-бандите и групи на отпадници на поранешната герилска организација ФАРК се борат за контрола на регионот. Колумбиските безбедносни сили во 2017 година заплениле вкупно 435 тони кокаин.

Најголема заплена на дрога во историјата на Колумбија

Вториот најголем производител на кокаин во светот, според извештајот на ОН, е Перу со површина од 43.900 хектари, по што следува Боливија со 24.500 хектари. Најважниот пазар за кокаин е САД.