1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одбор за човекови права на ОН – Дарфур

17 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNW

Кина и Русија како членки на Одборот на ОН за човекови права имаат намера да ја блокираат дебатата за состојбата во јужната суданска покраина Дарфур. Станува збор за објавувањето на извештајот на специјалната комисија под водство на носителката на Нобеловата награда за мир Џоди Вилијамс. Нејзе и на членовите на Комисијата им безе забранет влезот во Судан. Поради тоа рускиот и кинескиот претставник во Одборот за човекови права на ОН сметаат дека комисијата не можела да ја изврши поставената задача. Со ваквиот став Кина и Русија им пружија поддршка на групата исламски земји во Одборот кои уште пред тоа се изјаснија против извештајот што се повикува на изјави на бегалци од кризната покраина Дарфур. Во извештајот владата на Судан се обвинува за сооучество во воените злостори во Дарфур.