Бројот на загинати во земјотресот во Мексико се искачи над 60. 50 милиони луѓе беа изненадени на спиење. Бројни згради се срушени, илјадници луѓе се без покрив над главата. Земјотресот беше еден од најсилните во последните децении, достигнувајќи 8,2 степени според Рихтеровата скала, а следат и последователни потреси.