Огнен пекол во Дака- десетици загинати
21 февруари 2019Пожарот избувнал синоќа во населбата Чавкбазар во стариот дел на Дака, каде во приземјето на повеќето згради има продавници, ресторани и магацини. Пожарот, избувнал во четирикатна станбена зграда и брзо се проширил на останатите објекти.
Видео-прилог за катастрофата во Дака:
Според шефот на противпожарната служба и цивилната заштита на Дака, Џулфикар Рахман, досега се пронајдени 70 тела на жртви во катастрофата, а најмалку 50 лица се здобиле со повреди и изгореници. „Бројот на жртви би можел да се зголеми, а потрагата продолжува“, порача Рахман. Тој истакна дека причината за пожарот засега не е позната и оти е отворена истрага.
Во гаснењето на пожарот учествувале околу 200 пожарникари. Медиуите во Бангладеш јавуваат дека на некои катови во зградите имало складишта за хемикалии и пластика.
Слична огнена катастрофа се случи во Дака во 2010 година. Во пожарот во станбена зграда во која исто така имало складирано хемиски супстанции, тогаш загинаа 120 луѓе.