1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Објавена фотографија на бомбашот од Карачи

20 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bt02

Пакистанските власти објавија фотографија на бомбашот самоубиец одговорен за нападот во Карачи во кој загинаа 139 симпатизери на поранешната премиерка Беназир Буто. Поранешниот пакистански премиер која се врати во земјата по осумгодишен егзил изјави дека и покрај вчерашниот крвав напад, ќе учествува на претстојните парламентарни избори. Премиерот Шаукат Азиз изјави дека крвавиот напад нема да се одрази врз изборите. Сепак владини претставници најавија намалување на предизборните активности. Буто на изборите во јануари ќе настапи како главен кандидат на народната партија.