1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Објавена листа затвореници од Гвантанамо

18 мај 2006

Пентагон беше принуден на објавувањето на податоците со тужбата на Новинската агенција Асошијатед прес до судот.Нејасно е сепак дали со објавените 759 имиња се опфатени навистина сите затвореници.

https://p.dw.com/p/Ae1e

Првата нецелосна листа со имињата на затворениците Пентагон ја објави уште во април,на неа беа имињата на 558 лица.Новата листа со 759 затвореници содржи и имиња на оние кои според Министерството за одбрана досега не биле објавени од безбедносни причини.Според Пентагон,од април 2002 година од Гвантанамо биле ослободени или преместени 275 затвореници.136 затвореници не се ослободени по разјаснувањето на нивниот статус само поради тоа што се во тек преговорите со нивните матични земји,соопшти портпарол на Министерството.Тука спаѓа очигледно и германскиот Турчин Мурат Курназ.

Објавувањето на листата изнудена преку судот е чекор напред,но остануваат сеуште отворении прашања,вели Скот Сајлиман од Центарот за право,етика и национална безбедост на Универзитетот Дјук:

-Сега знаеме дека најголемиот број затвореници,чиј статус беше проверен преку воен трибунал,потекнува од Саудиска Арабија,потоа од Авганистан ,па на трето место од Јемен.Има затвореници од вкупно 40 или 41 друга земја.Листата ни даде повеќе информации,но не и сите,на кои американската и светската јавност со право уште чекаат.

Останува отворено дали се објавени навистина имињата на сите затворенции на Гвантанамо,зашто во соопштението стои дека тоа е целата евиденција според контролата на Пентагон. Тоа отвора простор за шпекулации дали на пример или некој друга служба има затвореници или испрашува лица на Гвантанамо.На списокот не се имињата на некои познати членови на Ал Каеда.