1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обештетување на принудните работници

12 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Aw1y

На одбележувањето на официјалниот крај на паричното обештетување на поранешните принудни работници во времето на Национал – социјализмот во моментов учествуваат германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Хорст Келер. Кураториумот на фондацијата „Потсетување, одговорност и иднина“ вчера официјално го објави крајот на исплатата. На 1,7 милиони поранешни принудни работници од стотици земји им се исплатени речиси 4,4 милијарди евра. Во иднина треба да бидат поддржувани и натамошни проекти, со кои ќе се унапредува демократијата и човековите права.