Обвинувањата против Строс-Кан ќе бидат отфрлени
23 август 2011Реклама
Јавниот обвинител на Њујорк одлучи да ги отфрли обвиненијата за силување против поранешниот директор на ММФ, Доминик Строс-Кан. Причина се основаните сомневања околу веродостојноста на изјавите на наводната жртва, 32-годишната собарка Нафисто Дијало од Њујорк.
До објавување на одлуката дојде по состанокот на обвинителот Сајрус Венс со собарката. „Со одлуката да ги отфрли обвиненијата, јавниот обвинител не сврте грб само на жртвата, туку и на форензичките, медицинските и на сите останати докази собрани во овој предмет“, рече адвокатот на собарката, Кенет Томпсон.
Строс-Кан денеска (23.08) ќе се појави во судот на уште едно сослушување, по што се очекува да биде ослбоден од сите обвинувања.
Автор: ТТ/ АТ/ дв
Редактор: Е.М.Фиданоска