Обвинението против Доминик Строс-Кан ќе биде повлечено?
1 јули 2011Реклама
Обвинението за силување против поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс-Кан, според информации на весникот „Њујорк Тајмс“, е пред пропаѓање. Весникот, повикувајќи се на извори во правосудството, пишува дека изјавите на наводната жртва се сметаат за малку веродостојни. Собарката повеќепати во минатото „не ја кажувала вистината.“ Сега адвокатите на Строс-Кан и обвинителството разговараат околу тоа дали да биде повлечено обвинението. Строс-Кан беше уапсен во мај, откако собарка во хотелот во Њујорк, каде што престојувал, го обвини за силување. Тој негираше дека ја принудил жената на секс.
Автор: ЕМФ/ ТТ/ дв
Редактор: Алкесандра Трајковска