1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

060409 Obama Ankara

Zana Aceska7 април 2009

Поголемо партнерство меѓу Западот и исламските земји – за тоа се залага американскиот претседател Барак Обама, кој од вчера е во посета на Турција. Анкара сака нов почеток на разнишаните односи меѓу двете земји.

https://p.dw.com/p/HRgE
Барак Обама одржа говор во турскиот парламентФотографија: AP

Американскиот претседател Барак Обама го искористи говорот во турскиот парламент да испрати сигнали дека е подготвен на приближување со исламскиот свет.

„САД не е во војна со исламот, и никогаш нема да води таква војна“, рече Обама. Тој исто така се заложи и за подлабоко партнерство со муслиманите. Ова заедништво е важно и за борбата против есктремистите и терористите, кои се закана за целиот свет.

Поддршка за прием на Турција во ЕУ

Обама ја означи Турција како најважен сојузник на САД на многу полиња. Тој ја повтори поддршката за побрз прием на Турција во ЕУ:

„САД силно ги подржуваат напорите на Турција за членство во ЕУ“. Обама додаде дека Турција со Европа не е поврзана само со мостот на Босфор, туку многу повеќе. „Таа со векови има заедничка историја, култура и економија со Европа“, нагласи Обама и додаде дека земјата мора да ги реализира политичките реформи.

Obama besucht Türkei
Барак Обама и Абдула ЃулФотографија: AP

Ерменското прашање-жешка тема

Обама, кој претходно на ерменската дијаспора во САД и’ вети дека ќе се залага турското масовно убиство врз Ерменците во Првата светска војна да се нарече „геноцид“, во Турција дипломатски успеа да се извлече и да не ја изусти ваквата констатација. Тој нагласи дека ако Ерменците и Турците се обидат да одат напред и да се соочат со тешката и трагична приказна, тогаш светот треба да ги охрабри во тоа.

Обама денеска оди во Истанбул, каде ќе се сретне со претставници на религиозните заедници. Со посетата на Истанбул Обама ја завршува повеќедневната европска турнеја.


Автор: Улрих Пик/ Невена Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска