Обама и Ромни речиси изедначени во анкетите
4 ноември 2012Последните испитувања на јавното мислење спроведени во Соединетите Американски Држави покажуваат дека и двајцата кандидати за претседателската функција на изборите на 6. ноември имаа речиси еднакви шанси за победа. Во анкетата што ја спроведе новинската агенција Ројтерс заедно со Ипсос, актуелниот претседател Барак Обама би можел да добие 47 насто од гласовите додека кандидатот на Републиканската партија, Мит Ромни 46 проценти.
Во четирите сојузни држави кои важат за одлучувачки за исходот на изборите, Охајо, Флорида, Вирџинија и Колорадо, прогнозите покажуваат дека двајцата претседателски кандидати имаат речиси идентична поддршка. Обама кој го предводи таборот на демократите, за својот ангажман и кризен менаџмент по ураганот „Сенди“ доби пофалби и од републиканците на Ромни.
Двајцата кандидати во последниве денови прават напори да ги освојат симпатиите на неопределените граѓани и да ја мобилизираат сопствената база избирачи во сојузните држави со одлучувачко значење за претседателските избори.