1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

040208 Supertuesday USA

Ана Енгелке, Вашингтон7 февруари 2008

Кај Демократите веројатно до последен момент ќе се води рамноправна трка меѓу двајцата кандидати за претседател на САД. Републиканците поблиску до решение. Претседателските избори ќе се одржат на 3-ти ноември.

https://p.dw.com/p/D2Sw
Продолжува неизвесната трка за претседателска номинација - Хилари Клинтон и Барак ОбамаФотографија: AP
Супер-вторник се нарекува денот на кој традиционално одеднаш во 20 држави ќе се гласа на интерните партиски избори за претседателски кандидати. Посебно се важни резултатите во големите сојузни држави, како Калифорнија, Њујорк, Илиноис и Џорџија. Порано се сметаше дека на овој ден ќе падне решението кој од кандидатите дефинитивно влегува во трка за претседателската функција. Кај Републиканците е релативно јасно, но кај Демократите тоа веќе не е толку сигурно со оглед на изедначеноста на кандидатите Хилари Клинтон и Барак Обама.

Обама има подршка од моќни кругови

Содржински Клинтон и Обама и не се многу оддалечени, иако се толку различни: Барак Обама, 46-годишен црнец, со талент да ги воодушеви луѓето на начин кој политичарите секогаш го посакуваат, но ретко им успева. Тој и’ остана верен на својата порака од почетокот на предизборната борба пред една година - „Време е за промени“. „Кога наидуваме на цинизам, сомнеж и страв, кога ни се вели дека нешто не можеме, тогаш ние одговараме со вонвременското кредо, што го одразува духот на американскиот народ: да, ние можеме“ - вели Обама. Неговата предизборна кампања е како лавина - мала во почетокот, во меѓувреме расте се’ повеќе. Сенаторот од Илиноис има моќни подржувачи, како прочуената телевизиска водителка Офра Винфри и влијателниот клан Кенеди. Со пораката за надеж за промени Обама и’ се доближи во анкетите на национално ниво на конкурентката, 60-годишната Хилари Клинтон. Хилари Клинтон - искусна, перфектна, студена Таа укажува на своето 35-годишно искуство како авдокат, сопруга на американски претседател и сенатор, сее сомнеж во способноста за пробивност на Барак Обама, кој е сенатор од пред само 4 години и потсетува дека самата веќе успешно се проби во борбата за сенаторско место во конзервативната држава Њујорк. Хилари не ги спомнува негативните искуства, како аферата Луински на нејзиниот сопруг Бил Клинтон или неуспешнот обид како „фрст лејди“ да спроведе реформа на здравствениот систем. Но, таа ги преживеа обете нешта, со дисциплина, напорна работа и челична волја - токму како што и сега се бори: „Ако гласате за мене, секој ден ќе станувам и ќе го правам токму она, што ви го реков. Не сакам кредит на доверба од вас, сакам да ме поставите на најтешката работа на светот“ - зборува Хилари Клинтон. Нејзините противници ја критикуваат дека е премногу перфектна, студена, пресметлива. Барак Обама не се обидува да поентира со својата темна кожа, туку едноставно вели дека е вистинскиот човек за претседателската функција. Како доказ го наведува и своето рано противење на војната во Ирак, за разлика од Хилари: „Сенаторката Клинтон укажува на своето искуство од првиот ден на функцијата. Но, јас велам дека е важно од првиот ден правилно да се решава“. Историски избор: жена или црнец - кандидат за претседател? Не е веројатно дека веќе по денешното гласање ќе падне одлуката кој од нив двајца ќе биде претседателски кандидат на Демократите. Но, јасно е дека ќе биде еден од нив и веќе тоа е историско, оти за прв пат воопшто Демократите ќе кандидираат или жена или Афроамериканец за претседател. По компликуваната предизборна постапка, што започна со изборот во Ајова на 3-ти јануари, Демократите официјално ќе го изберат кандидатот на партискиот конгрес во Денвер на крајот на август, а Републиканците, кај кои Џон Меккејн има голема предност пред Мит Ромни, во Минеаполис на почетокот на септември. Претседателските избори се на 4-ти ноември годинава.