1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама го критикува европскиот менаџмент во должничката криза

27 септември 2011

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека должничката криза во Европа претставува закана за светот и оти лидерите од еврозоната не работат доволно брзо за решавање на ова прашање.

https://p.dw.com/p/12gxl
Американскиот претседател Барак ОбамаФотографија: dapd

Според Обама обновувањето на американската економија се соочувало со потешкотии оваа година поради проблемите во целиот свет, во таа смисла и поради арапската пролет, кои доведоа до зголемување на цените на енергијата и стравувања за финанисиската стабилност на европските држави.

„Тие не закрепнаа целосно од кризата во 2007 година и не се справија целосно со сите предизвици, со кои се судри нивниот банкарски систем. Сето тоа повеќе се влошува поради случувањата во Грција“, рече Обама на средбата во Маунтин вју во Калифорнија.

„Во моментот тие преживуваат финансиска криза, која претставува закана за светот и се обидуваат да преземат одговорни чекори, но тие чекори не се толку брзи, колку што навистина е потребно да бидат“, рече американскиот претседател.

Обама кој се наоѓа на западниот брег на САД, каде собира средства за кампањата за реизборот на изборите во 2012 година, бележи пад на рејтингот поради континуираното високо ниво на невработеност од над девет проценти и стравувањата дека САД можат повторно да западнат во рецесија.

Автор: ЖА/ АТ/ миа

Редактор: Горан Чутаноски