1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

110909 9/11 3 gedenken

12 септември 2009

САД ја одбележаа осмата годишнина од терористичките напади на 11 септември 2001 година во кои загинаа близу 3.000 лица. Илјадници роднини, политичари и други граѓани на САД со минута молчење им оддадоа почит на жртвите.

https://p.dw.com/p/JdZ2
Одбележана годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 годинаФотографија: AP

На комеморативната свеченост одржана во главниот град Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама положи венец во Пентагон, во спомен на 184-те лица вработени во американското министерство за одбрана кои загинаа таму пред осум години. „Уште еднаш сочуствуваме со вас и вашите семејства. Зборовите не можат да ја намалат болката. Ништо не може да го пополни празното место во вашите домови. Но можеби на овој ден ќе најдете утеха во сеќавањето на вашите сакани. Ве уверувам дека имате постојана поддршка од американскиот народ“, им порача Обама на членовите на семејствата на жртвите.

Тој вети и решително дејствување против теророт. „Ја повторувам во оваа пригода нашата одлучност да се бориме против оние кои пред осум години го извршија тоа варварско дело и кои и натаму смислуваат мрачни планови против нас. Ние никогаш нема да покажеме слабост во одбраната на нацијата. Нема да се колебаме во гонењето на терористичката мрежа Ал Каеда и нејзините сојузници“, изјави Обама на комеморацијата на жртвите од 11 септември одржана во Вашингтон.

11. September Gedenken 2009
Местото кадешто се наоѓаа кулите близначкиФотографија: AP

На 11 септември 2001 година, два авиона киднапирани од терористи, удрија во кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, со што предизвикаа нивно уривање. Друг грабнат авион, пак, удри во зградата на министерството за одбрана во Вашингтон. Четвртиот киднапиран авион се урна во Пенсилванија, откако патниците им пружиле отпор на терористите и со тоа веројатно спречиле напад врз уште една важна цел во Вашингтон. Одговорноста за нападите на 11 септември 2001 година ја презеде терористичката мрежа Ал Каеда.

Автор: СН/АТ/дв

Редактор: Александра Трајковска