1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Норвешкиот генерал Муд - шеф на мисијата на ОН во Сирија

СН/АТ/афп/ртр28 април 2012

Генаралниот секретар на ОН, Бан Ки Мун го именуваше норвешкиот генерал-мајор Роберт Муд за прв човек на набљудувачката мисија на Светската организација во Сирија.

https://p.dw.com/p/14mOc
Фотографија: AP

Норвешкиот генерал ќе ја предводи мисијата од вкупно 300 невооружени воени набљудувачи, задолжени за надгледување на прекинот на огнот во Сирија кој стапи во сила на 12. април. Роберт Муд и претходно беше во Дамаск испратен по налог на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, Кофи Анан за да го договори распоредувањето на набљудувачката мисија во земјата која повеќе од 13 месеци е соочена со судири меѓу владините сили и опозицијата. Генерал Муд беше шеф на организацијата на ОН за зачувување на примирјето на Блискиот исток од 2009 до 2011 година. Покрај тоа норвешкиот генерал двапати служел и во редовите на Меѓународните безбедносни сили на Косово- КФОР.

Тој и мисијата набљудувачи на ОН ќе имаат тешка задача со оглед дека насилството во Сирија продолжува и покрај примирјето. Во самоубиствен бомбашки напад во Дамаск, вчера загинаа најмалку 11 лица додека повеќе од 30 се ранети. Насилството ја зафаќа целата земја, вели поранешниот пратеник во сирискиот парламент Самир ал Таки. „Асад има се помалку прврзеници. Тој може да испраќа тенкови и да убива, но територии повеќе не може да освојува, истакнува Самир ал Таки. Според проценките на ОН во досегашните судири во  Сирија животот го загубиле најмалку 9000 лица.