1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов рок на грабнувачите: среда напладне!

31 јули 2007

Во аферата со заложниците, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи демонстрира цврстина

https://p.dw.com/p/BOW6
Трагични слики од СеулФотографија: AP

И по убиството на вториот јужно-корејски заложник, неговата влада нема намера да ги исполни барањата на Талибанците – ослободување на нивни соборци.

Шим Сунг-мин е името на младиот Јужно-кореанец чие тело беше најдено изутрината на едно поле, неколку километри од главниот град на провинцијата Газни. 29-годишниот специјалист за информатика кој сакаше да помогне во обновата на Авганистан,беше застрелан – втората жртва во оваа заложничка драма. Кога и како ќе заврши, за тоа портпаролот на авганистанската влада Хумајун Хамиѕада не сакаше да шпекулира:

„Го посматраме проблемот од сите аспекти, правиме се што можеме за ослободување, но во основа грабнувањата не смеат да бидат наградени со тоа што ќе им се излезе во пресрет на барањата на грабнувачите„.

Меѓутоа, Талибанците и натаму вршат притисок: владите на Кабул и Сеул имаат време до утре напладне да ги исполнат нивните барања, инаку ќе убијат уште заложници.

Роднините на јужнокорејските заложници со жалење и плачешкум реагираа кога синоќа ја слушнаа веста за второто убиство. Јужнокорејското министерство за надворешни работи новото убиство го нарече варварски акт, додека кабинетот на претседателот Ро Мо-хјун ги предупреди грабнувачите пред ново насилство. Дилемата на владата во Сеул гласи: не сака грабнувачите да бидат наградени, а од друга страна сака да ги спаси животите на грабнатите. Притисокот на јавноста е голем. Ја потресе и телефонското интервју со една заложничка која преку мобилен телефон јави од Авганистан дека затворените се поделени во мали групи и се наоѓаат на различни места:

„Овде сме четири заложници. Добиваме чај и леб кој не е вкусен. Се надеваме колку што е можно побргу да бидеме спасени„.

Меѓутоа, просторот за преговори на јужно-корејската влада е ограничен и скоро исцрпен. Претседателот Ро веќе испрати двајца високи преговарачи во Кабул: најнапред заменик-министерот за надворешни работи Чо Јунг-пио, а по убиството на првиот заложник и личниот советник за безбедносна политика Баек Јонг-чун. Јужна Кореја наводно понудила значителна сума пари за ослободувањето на заложниците.