Ново насилство во Нигерија
3 јуни 2012Реклама
Најмалку 20 лица загинале, а околу 50 се повредени во насилството што избувна во близина на нигерискиот главен град Абуџа, соопшти вчера Црвениот Крст на Нигерија.
Судирите започнале во петокот во селото Асакио во нигериската држава Насарава, поради што околу 6 илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови. Причините за судирите не се објавени .
Во централниот дел на Нигерија често избиваат судири меѓу претежно христијанскиот југ и муслиманскиот север.