Новогодишните пораки во знакот на кризата со еврото
1 јануари 2012Двете големи цркви во Германија во нивните новогодишни пораки ги предупредија луѓето од резигнација со оглед на политичките кризи. Надбискупот од Фрајбург и претседател на Германската бискупска конференција, Роберт Цолич, порача дека општеството и политиката не смеат да попуштат во процесот на намалување на огромните државни задолжувања на Германија. Во моментов несигурноста и стравот го диктираат развојот на работите, затоа одговорните, оние кои ги носат одлуките, сега мора да побараат поддршка.
Претседателот на Советот на евангелистичката црква во Германија, Николаус Шнајдер, во неговата новогодишна порака, истакна дека Господ, и покрај вознемирувачките вести, ни подарува верба, трпение и животна храброст. Повеќе евангелистички бискупи ги повикаа луѓето да го преиспитаат својот животен стил и на поголема солидарност.
Германската канцеларка Ангела Меркел во новогодишната порака навести дека Германија ја чека уште една тешка година. Со оглед на кризата со еврото канцеларката се заложи да и‘ се верува на заедничката валута. Иако патот е долг и мора да се смета на натамошни назадувања, вели Меркел, Европа и еврото на крајот ќе излезат посилни од кризата.
Папата Бенедикт Шеснаесетти ја повика црковната заедница во новата година, вербата да ја пренесуваат „со мисионерска ревност“. Пред се’ младата генерација е погодена од економската криза, но и од кризата за вредностите. За нив е важно, на дезориентираноста да и‘ се одговори со нова организација на верата. Денеска во Рим папата ја одржа и новогодишнатa миса, која традиционално е во знакот на католичкиот ден за мир во светот.
Автор: АТ/ ЖА/ дв/ дпа/ дпад/ епд
Редактор: Жана Ацеска