Медиуми
Нови формати и содржини на ТВ-каналот на англиски јазик
28 јануари 2019Реклама
ТВ-каналот на ДВ на англиски јазик од денеска со нови формати и нови лица, како и зголемен процент на ексклузивни содржини.
Освен тоа, натамошната регионализација на содржините би требало да обезбеди нивна поголема гледаност и атрактивност кај публиката во Азија и Африка. Нови на програмата се Њус Азија, Бизнис Азија, Њус Африка, Бизнис Африка, како и Уметност и Култура.
„Со добро раскажани и модерно визуелизирани приказни, кои се ориентирани кон барање решенија, стигнуваме до младите во урбаните центри на Африка и Азија“, обаснува Програмската директорка на ДВ, Герда Мојер.
Водителите на програмите доаѓаат од целните региони.