Нови жртви во судирите во Сирија
3 декември 2011Сириските активисти за човекови права денеска за светските новински агенции пренесоа дека на северозападот на Сирија се водат борби меѓу трупите лојални на режимот на претседателот Башир ал Асад и дезертираните војници кои преминаа на страна на опозицијата. Притоа во градот Идлиб загинале најмалку седум војници и полицајци, пет дезертери и тројца цивили. Уште двајца цивили биле убиени во провинцијата Хомс, јавија активистите за човекови права.
Вчера Советот за човекови права на Обединетите нации со оглед на растечкото насилство на режимот на Башир ал Асад против опозицијата предупреди од опасност од избувнување на граѓанска војна во земјата.
Комесарката за човекови права на ОН Нави Пилај повторно побара од Советот за безбедност на ОН вклучување на Меѓународниот кривичен суд односно раководството на Сирија да биде обвинето за „злосторства против човештвото“.
Таа истакна дека нејзината канцеларија има доверливи информации според кои од почетокот на протестите во Сирија пред осум месеци убиени се значително повеќе од 4000 лица.
Автор: СН/ АТ/ дпа/ афп
Редактор: Александра Трајковска