Новиот швајцарски тунел е најдолг во светот
Швајцарија денеска свечено го отвора новиот железнички тунел кој е пробиен низ 57 километри од швајцарските Алпи. Технолошкото чудо - тунелот Готард, ги поврзува прекрасните села Ерстфелд и Бодио.
Преместување планини
По 17 години изградба, тунелот Готард е конечно подготвен за функционирање. Околу 28 милиони тони карпи се отстранети од швајцарските Алпи со помош на огромни дупчалки. Од остатоците од карпите е направен бетонот со кој се изградени фините ѕидови на тунелот. Првите возови треба да пропатуваат низ тунелот денеска, а во нормална употреба ќе биде ставен дури откако бидат изведен 3000 тест возења.
Повеќе возови
Главна предност на новиот Готард-тунел е рамната површина на неговите пруги, која овозможува потешките композиции да патуваат меѓу Ерсфелд и Бодио со помалку сила и поголема брзина. Планирано е низ тунелот дневно да проаѓаат 260 товарни возови, за разлика од 180 колку што можеа да минат низ стариот Готхард-тунел.
Машина за работа
Во проектот на изградба на новиот Готард-тунел работеа околу 2600 луѓе, вклучително и инженери, геолози и градежници. Потрошени беа 4 милиони работни часа. Шварцарија, позната по својата прецизност и точност, го заврши проектот една година порано со само малку пречекорен буџет.
Надминување на Јапонија
Со завршувањето на Готард-тунелот, Швајцарија ја симна од тронот Јапонија, како земја со најдолг подземен железнички тунел во светот. Сејкан тунелот под Цугару-теснецот во Јапонија, пуштен во употреба во 1988 година, е долг 53,9 километри.
Тунелот под Ламанш
Новиот Готард-тунел е седум километри подолг од тунелот под Ламанш, кој се смета за едно од седумте чуда на модерното време. Тунелот е уште познат и како Еуротунел, долг е 50,5 километри и ги поврзува Велика Британија и Франција.
Најдолг тунел - барем некое време
Неформалната титула на Готард како најдолг тунел во светот би можела да трае до 2026 година. Тогаш, имено е предвидено да заврши изградбата на железничкиот тунел Бренер, меѓу Австрија и Италија. Тој ќе се протега цели 64 километри и предвидено е да го растовари популарниот сообраќаен премин Бренер (на фотографијата).
Проблематични мега-проекти
Многу германски инженери работеа на изградбата на тунелот Готард, кој беше завршен една година пред предвидениот рок, а планираните трошоци беа минимално надминати. Тоа е во голем контраст со некои мега градежни проекти во Германија, меѓу кои највпечатлив е новиот аеродром во Берлин, кој веќе го надмина предвидениот рок за изградба за четири и пол години.