1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новиот филмски јунак – Борат

7 ноември 2006

Филмот „Борат„ на Саша Барон Коен кој од четвртокот се прикажува и во германските кина, веќе во првата недела во САД донесе 26,4 милиони долари.

https://p.dw.com/p/AeT7
Сцена од филмот „Борат„ на Саша Барон Коен
Сцена од филмот „Борат„ на Саша Барон КоенФотографија: AP/FOX

Британскиот филмски хуморист и сатиричар Саша Барон Коен доаѓа во САД. „Борат„ е изненадувачки успех, зашто сатирата за еден телевизиски новинар од Казахстан што патува низ САД во првиот викенд се прикажуваше само во 837 кино-сали. Сега може да се виид во 2 ипол илјади сали. Меѓутоа, новата ѕвезда во интервјуата по повод неговиот успех е мошне воздржан. Силке Енгел за комичарот и неговиот стил кој јавноста ја дели на приврзеници и противници:

Саша Барон Коен не одговара на прашања. Не гарантира никакво интервју. Не само што 35-годишшниот Британец сака да го заштити својот приватен живот од јавноста, туку пред се, зашто всушност тој е оној што поставува прашања.

Едноставни прашања во пријатен тон и мешавина на јазици – тоа е рецептот за успехот на Саша Барон Коен. Овој стил го направи познат ширум Велика Британија. Во моментов неговата фигура Борат „шета„ како кино-јунак низ цела Европа. Син на еврејско семејство, на Кембриџ студирал историја. Потекнува од граѓански дом. Неговиот татко, Велшанин, поседува повеќе продавници за машка облека во Лондон. Мајка му доаѓа од Израел.

Уште во училишните денови бил кловн во класот. Во меѓувреме, е внесен во неговите фигури. Најважниот белег е што никогаш не излегува од улогата. Моментално во интервјуата исклучиво се претставува како Борат: „Јак си маш? Како сте, Јас сум Борат...„.

Потоа зборува за неговата наводна татковина Казахстан, гордо ги прикажува неговата куќа и неговата сестра Наталија, која е четвртата најдобра проститутка во земјата.

Всушност во коеновите фигури се’ се врти околу сексот за пари и многу други политички некоректности. Постојано забелешки за Евреи, хомосексуалци или непријателски зборови за жените:„Мислам дека жените возат автомобил полошо од мажите зашто нивниот мозок е голем колку една шишарка„.

Со ваквиот хумор на Британецот му успеа да влезе во лигата најславни комедијанти. Со неговите политички сатири го стави во сенка Мајкл Мур, пишува британскиот печат. Истовремено, Коен поларизира во моментов како никој друг. Со преминувањето граници ги заврте политичарите и малцинствата во целиот свет против себе. На многумина насмевката одамна им исчезна, како на пример, на казахстанската влада. Таа се чувствува навредено, ја стопира веб-страницата на Борат, го тужи и започна рекламни кампањи против сатиричарот.