1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова рунда преговори за иранската атомска програма

ЕМФ/дв/дпа23 мај 2012

Денеска (23.05.2012) во Багдад почнува нова рунда преговори на петте земји со право на вето во ОН и Германија околу иранската атомска програма. Меѓу дипломатите владее претпазлив оптимизам.

https://p.dw.com/p/150Lw
Фотографија: dapd

Непосредно пред почетокот на разговорите околу атомската програма, Иран сигнализираше можни отстапки. Техеран изрази подготвеност да потпише договор за прецизна контрола на атомската програма од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија. За возврат, иранското раководство бара Западот да ги укине санкциите. Во договорот би требало да бидат содржани условите под кои Иран ќе им дозволи пристап на контролорите на меѓународните атомски власти пристап до постројките, документите и експертите. Допрва треба да се разјасни кога ваквиот договор би бил потпишан.

Американската влада претпазливо ги поздрави најавите од Иран. Тоа е чекор напред, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни, додавајќи дека сепак Вашингтон ќе суди според делата, а не според ветувањата на Иран.

Во меѓувреме, од Техеран пристигна информација дека ирански инженери успеале да го опремат истражувачкиот реактор во Техеран со две самостојно произведени горивни прачки, кои содржат облагороден ураниум до 20 проценти. Според иранските атомски власти, една од горивните прачки е инсталирана во реакторот. Нема информации кога се случило тоа. Западот стравува дека Иран работи на атомска бомба. Техеран тоа постојано го демантира.