1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова рунда во спорот со името

2 декември 2007

Посредникот од ОН во спорот со името меѓу Македонија и Грција,Метју Нимиц,ја започнува деликатната мисија во Скопје и Атина.Македoнскиот државно владин врв синоќа ги одржа последните консултации.

https://p.dw.com/p/CVjY
Нимиц во Њујорк во разговор со Срѓан КеримФотографија: Macedonian Information Agency

Нимиц го очекува отпорот кон последната њујоршка верзија за компромис,што бара единствено,променето име на Македонија и во меѓународната заедница.По пристигнувањето на гостинот,најпрво Нимиц ќе вечера со македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошовски,а напладне посредникот ќе се сретне со македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски.

„Не излегуваме од разговорите,напротив ќе имаме активен пристап,меѓутоа се знае дека нашите позиции имаат одредени црвени линии и одреден став по тоа прашање“,истакна македонскиот премиер Никола Груевски.

Но властите во Скопје посакуваат и членство во НАТО,можеби со привремената референца БЈРМ,слично како и во ОН за да се избегне евентуалното грчко вето.

„Тоа би значело дека Грција директно ја крши Времената спогодба меѓу двете земји,дури би рекол дека целосно ја става вон употреба“,изјави македонскиот претседател Бранко Црвенковски.

Грција станува особено сензитивна на серијата одлуки и чекори на новата македонска влада,која најпрво го смени името на скопскиот аеродром во Александар Велики,постави и археолошки експонати од античка Македонија пред платото на владата.Сега побрза да ги промовира и новите регистерски таблички на моторните возила со знакот МК-Македонија.

Македонија извезува нестабилност во регионот,е во последно време новиот аргумент на грчките власти.