Нова политика за бегалците меѓу ЕУ и Турција
16 декември 2013Турција и ЕУ поптишаа договор за бегалска политика и стартуваа дијалог за визно олеснување. Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Гулнер и комесарот за внатрешни работи на ЕУ Сесилија Малмстром во Анкара го потпишаа Договорот за реадмисија. Со овој договор Турција се обврзува повторно да ги прифати сите бегаци кои преку нејзина територија влегле во ЕУ. Договорот, кој треба да го ратификува турскиот парламент, би можел да го запре напливот на бегалци во ЕУ.
Истовремено Турција и ЕУ започнаа разговори за укинување на визната обрска за Турците кои патуваат во Европа. Датумот за завршување на овие преговори не е утврден. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на церемонијата на потпишувањето сепак процени дека за три до три и пол години би требало да биде укината визната обврска за Турците.
Ердоган зборуваше за „пресврт“ во односите меѓу Турција и ЕУ. Исто така и Малмстром појасни дека соработката во политиката за бегалците и визната политика има „историско значење“. Анакра од 2005 година преговара со Брисел за пристап во ЕУ. Преговорите се одвиваат споро.