1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова надеж за палестинско помирување

Јирген Струјак27 февруари 2009

По повеќегодишен судир, палестинските фракции Фатах и Хамас постигнаа согласност за формирање влада на национално единство. Владата треба да биде формирана до крајот на март.

https://p.dw.com/p/H2Oy
Ахмед Куреи-Фатах и Муса абу Марзук-Хамас во КаироФотографија: picture-alliance/ dpa

Двете најголеми палестински организации, Фатах и Хамас, во последните три години водеа крвава и огорчена битка за превласт. Во летото 2007 година Хамас ја презеде власта во појасот Газа. Оттогаш сите обиди за приближувања беа безуспешни. Очигледно дека на ривалите им беше потребно повеќе време за да воспостават доверба, отколку што се очекуваше. На мировната конференција во Каиро е постигнато натамошно приближување на двете спротивставени страни . По разговорите претставник на Хамас за телевизијата Ал Џезира изјави дека атмосферата за време на средбите во последните денови била позитивна и многу ветува. „Постојат надежи дека ќе најдеме механизам што ќе води кон вистинско помирување“, изјави Ал Рашак.

Обновата на Газа е клучно прашање

Шефот на египетските тајни служби уште на почетокот на разговорите нагласи дека нема друг избор, освен успех. Конечно, во прашање е обновата на појасот Газа. Тоа ќе биде главна тема на меѓународната донаторска конференција што ќе се одржи в понеделник во Шарм Ел Шеик. Инаку, преговарачите на двете страни синоќа во Каиро се согласија до крајот на март да биде формирана влада на национално единство за појасот Газа и за Западниот брег. Заменик шефот на Хамас, Муса абу Марзук изјави дека за изгледот на владата, нејзините задачи и програма, ќе се разговара на комисија која широко ќе ги отвори вратите за национално помирување. Затоа тој смета дека се`уште не може да се каже дали владата ќе биде составена од независни експерти или од претставници на нашите организации. Тоа ќе биде на дневен ред откако комисијата ќе ја заврши својата работа.

Zerstörung in Gaza
Урнатини во ГазаФотографија: Bettina Marx

Дискусијата за клучните прашања ќе се води во пет групи

Едно од главните прашања ќе се однесува на реформата на Палестинската ослободителна организација „ПЛО“, на која Хамас досега не и’ припаѓа, како и за реорганизација на силите за безбедност. Преговарачот на Фатах, Ахмед Куреи изјкави дека работните групи треба прво да одредат како да изгледа консензусот помеѓу сите фракции и сили кои учествуваат во националниот дијалог. На пример, околу програмата и формата на владата на национално единство. Една од петте работни групи ќе се посвети на прашањето за изборите. Таа треба да направи подготовки за претседателски и парламентарни избори и до крајот на март да утврди термин за нивно одржување.