1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова влада- нова културна политика?

4 октомври 2009

Културната политика во изборната кампања во Германија едвај и да играше некаква улога. И по изборите, другите теми остануваат поважни. Новиот партнер во владата, либералите, сепак имаат некои планови кои влеваат надеж.

https://p.dw.com/p/Jvbk
Изградбата на Берлинскиот градски замок во кој ќе бидат сместен импозантен музеј е една од главните цели во културната политика наредните годиниФотографија: DW

Целите за културната политика за наредниот мандат веќе се поставени: зајакнување на надворешната култура и образовната политика, социјално осигурување за уметниците, заштита на авторските права. Либералната партија и Христијанско-демократската унија се прилично согласни. Курсот е недвосмислен, артистите и креативните уметници знаат на што се.

Само за две точки идните коалициони партнери мора уште да преговараат. Либералите се залага културата да биде инкорпорирана како државна цел во германскиот Устав. Ова барање ќе биде ставено на маса кога ќе преговараат коалиционите партнери. Големиот коалициски партнер се‘ уште избегнува да даде изјава за ова прашање.

Втора точка за разговор е образованието за култура: ЦДУ смета дека тоа е одговорност на покраините, додека малиот коалициски партнер се залага за формирање сојузна централа за културно образование, за што и покраините исто би имале одговорност.

Flashgalerie Die Woche in Bildern 40_09
Новитре партнери во владата Ангела Меркел и Гидо Вестервеле допрва ќе разговараат за културатаФотографија: picture-alliance/ dpa

Висок статус за културната политика

Портпаролот за културната политика на ФДП, Ханс-Јоахим Ото, објави дека пред се‘ за лидерот на партијата Гидо Вестервеле, културата е „ прашање што навистина му лежи на срце и тој ќе направи се‘ за културната политика да добие висок статус“. Противниците од редовите на Унијата нема да ја поколебаат партијата да отстапи од своите намери. Сепак се‘ ова звучи како курс на единство. Од политичарите од Унијата и ФДП не може да се изнуди никаква изјава за темите од културата.

Навистина штета. Културата воопшто не беше тема во изборната кампања. Од големите партии, само Социјал-демократската партија (СПД) се обиде да ги изнесе културно-политичките цели. Таквиот вид теми би можеле да бидат отфрлени од коалициските преговори, нагласувајќи ја нивната помала вредност. Унијата ја избегнува дискусијата за прашањата од културата – и како што се очекува сите дискусии може да се водат во врска со кризата.

Се‘ ова не значи дека не претстои одлука. Авторските права на интернет, субвенциите за снимање филмови и реизградбата на Берлинскиот градски замок – има многу нешта што треба да се сработат.

Германија уставно да биде декларирана како културна нација

Kulturstaatsminister Bernd Neumann (CDU)
Бернд Нојман останува државен секретар за култура?Фотографија: picture-alliance/ dpa

И финансиски ветер „ќе продува“ во културната политика во Германија. Во поглед на постоечкото штедење, малку ќе се намали и предвидениот буџет за културата од 1,1 милијарда евра. Сепак за тоа се интересираат само малкумина.

Останува само надежта за воведување на културата како државна цел. Германија треба уставно да биде декларирана како културна нација. Додуша културата како државна цел јасно ја промовира само ФДП, но тоа прашање е отворено за дискусија само делумно. Никој точно не знае што би можело да се случи.

Државниот секретар за култура, Бернд Нојман од редовите на ЦДУ би требало да остане на својата функција и во новиот мандат на владата. Во ФДП постојат одредени стремежи неговиот секретаријат да се подигне на ранг на кабинет. „Изборот на еден политички професионалец ќе се исплати и за културата“, рече Олаф Цимерман, управен директор на Германскиот совет за култура, во понеделникот. И кога Бернд Нојман би управувал со една навистина почитувана работа: тогаш човек би можел да биде мирен во Берлин.

Автор: АА/СН/дпа

Редактор: Александра Трајковска