Нова видео порака на Ал Каеда
4 септември 2006Во пораката што е објавена на интернет тој се обрача на американскиот народи општо на граѓаните на западните земји, повикувајќи ги да конвертираат во ислам. Во 41-минутната порака освен тоа се појавува и 28-годишниот американски граѓанин Адам Јехије Гадан, кој и‘ се приклучил на терористичката организација.
„Ги повикуваме сите Американци и други неверници да минат во исламот, се едно каде и да се и каква улога играат во светскиот поредок на Буш и Блер„ – порачува на видео снимката Американецот Адам Јехије Гадан. Освен тоа тој додава:
„Секој кој ги почитува пораките на лидерите на џихадот, како шеихот Осама бин Ладен и шеихот Ајман ел Завахири, нека ги чува Господ.„
Американската полицијата ЕфБиАј трага по Гадан поради закана за терористички напади.
Колку е сериозна заканата што доаѓа од него, тоа е спорно. Но она што е сигурно, тоа е дека американските граѓани се плашат од нови атентати. Дури една третина од нив сметаат дека ќе има нови напади, а 43% дури стравуваат оти тие лично ќе станат жртви на атентат. Според анкетата што ја спроведе новинската агенција Асошијејтед прес, најмногу загрозени се чувствуваат граѓаните на главниот град Вашингтон, дури 61%. На второ место со Њујорчани со 54 проценти.