Нирнберг победник на фудбалскиот Куп на Германија
27 мај 2007Финалната битка траеше цели два часа - по регуларните 90 минути резултатот беше 2 спрема 2. Клучна фигура беше напаѓачот на Штутгарт Какау – прво го доведе својот тим во водство, а потоа направи неспортски потег – со тупаница удри противнички играч и беше исклучен. Така неговиот тим мораше голем дел од натпреварот да игра со играч помалку. И покрај тоа Штутгарт добро се држеше, но бројната предност на противникот беше пресудна кога исцрпеноста стана видлива кај актерите. Решавачкиот гол го постигна Кристијансен со прекрасен удар во 109-тата минута.
Маркус Шрот од победничкиот тим по средбата оцени: “Повторно прикажавме многу доброа игра. Игравме слично како и во целата сезона. Мислам дека тоа беше клуч на успехот, иако самите малку си ја отежнавме работата”.
По убавото искуство од светското првенство, и овој пат беа организирани јавни следења на преносот: во Берлин имаше стотина илјади луѓе, во Штутгарт и Нирнберг по 30-ина илјади.
Неизвесност донесе и женското финале на Купот: во регуларниот тек беше 1 спрема 1, продолжението не донесе промена на резултатот, а при изведување пенали Франкфурт беше поуспешен од Дуизбург.