1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц бара намалување на билатералните тензии

5 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C2sq

Посредникот во грчко македонскиот спор за името, Метју Нимиц, изјави дека Атина и Скопје мора да ги намалат билатералните тензии пред да биде изнајден компромис околу разликите за официјалното име на Македонија. Во интервју за грчкиот весник Катиметрини, Нимиц го поздравил позитивниот став на Грција. Сепак тој додал дека нема да ги коментира реакциите се додека не добие официјален став од дветсте страни. Нимиц вели дека не поставил краен рок за решение но очекува развој до самитот на НАТО во Букурешт. Тој најави дека наскоро ќе ги посети Скопје и Атина.