Николиќ во првата посета - во Русија
24 мај 2012Реклама
Штотуку избраниот претседател на Србија, Томислав Николиќ, со шефот на руската држава Владимир Путин ќе разговара в сабота, а за деталите на посетата и конкретните теми за разговор неговата партија, Српската напредна партија дополнително ќе ја информира јавноста, соопштено е од партискиот штаб денеска.
За денеска попладне е закажана седница на Главниот одбор на Српската напредна партија, на која Николиќ ќе поднесе оставка поради изборот на новата функција, а дотогаш тој нема да се обраќа на новинарите.
Николиќ во вториот круг од претседателските избори во Србија на 20. мај го победи својот противкандидат Борис Тадиќ од Демократската партија.
Николиќ изјави дека ќе се залага за влез на Србија во ЕУ.